Вечерва започнува Евровизија – Eye Cue настапуваат под реден број 11

- Забава, Македонија
1320

 Вечерва со почеток во 21:00 часот во „Алтис“ арената во Лисабон, Португалија ќе се одржи првата полуфинална вечер од 63-то издание на Евровизија. Нашите претставниц, Eye Cue со песната „Lost and found“, боите на Македонија ќе ги бранат под реден број 11.

Оваа година, за титулата „најдобра песна во Европа“ ќе се борат 43 земји, а во првата полуфинална вечер освен Македонија настапуваат и: Исланд, Албанија, Белгија,Чешка, Бугарија, Хрватска, Грција, Кипар, Швајцарија, Австрија, Финска и големиот фаворит за победа- Израел.

Второто полуфинале ќе се одржи задутре кога ќе настапат 18 земји: Норвешка, Романија, Србија, Сан Марино, Данска, Русија, Молдавија, Холандија, Австралија, Грузија, Полска, Малта, Унгарија, Летонија, Шведска, Црна Гора, Словенија и Украина.

Големото евровизиско финале е закажано за во сабота на 12-ти мај, кога  ќе се натпреваруваат 20 земји избрани во двете полуфиналиња и уште шест земји – домаќинот Португалија и големата петорка: Франција, Германија, Италија, Шпанија и Обединетото Кралство.

Strugaonline

фото: Eye Cue instagram

 

Facebook Коментари