Ирски фудбалер доби милион евра на лото

- Занимливо
825

Кевин О’Конор (22), кој е  дефанзивец на англискиот второлигаш Престон, освои милион евра на новогодишна лотарија од Националната лотарија на Ирска.

Добитниот лоз му го купил неговиот вујко како подарок за католички Божик. Неговиот лоз бил купен во Вексфорд, а О’Конор првично не ни знаел дека е добитник.

– Мајка ми ми побара да и го фотографирам ливчето, оти победникот бил од нашиот крај. Не ни помислив дека е моето победничкото. Не ми се верува дека ја добив наградата, изјави О’Конор за британските медиуми.

Билетот бил купен на 14 декемвр, а О’Конор го примил како подарок од вујко му за католички Божиќ.

Тој веќе година и пол игра за Престон и заработува 15 илјади евра неделно.

Facebook Коментари