Како настанал „Црн петок“ и зошто се вика така?

- Занимливо
1409

Шопинг манија наречена „Блек Фрајдеј“ (Црн петок) низ светот, потекнува  од САД. Причината поради која настанал „Црниот петок“ се распродажбите со цени до дури 70 отсто попуст, како најава за почеток на шопингот за божиќните и новогодишните празници во САД.

За популарноста на „Блек Фрајдеј“ во САД зборува и фактот  дека многу луѓе таму  кампуваат по неколку дена пред продавниците за да бидат први во редот.

Иако  Блек Фрајдеј не е службен празник во САД, многу од работодавците на своите вработени им даваат слободен ден за да можат  непречено да купуваат.

Името Црн Петок доаѓа оттаму што поради огромната гужва на улиците ( од над 220 милиони луѓе кои одат на шопинг), полицајците во САД како и таксистите тешко се снаоѓаат во сообраќајот тој ден поради неверојатниот метеж. Всушност, во 60-те години за време на „Блек Фрајдеј“ полициските службеници се жалеле на тотален колапс на сообраќајот предизвикан од овој ден на големите попусти, кој започнува на првиот ден после Денот на благодарноста- еден од најважните американски празници.

За време на овој ден, неретко се случува стампедо пред продавниците кое предизвикува и фатални исходи. Познат е случајот за смртта на 34- годишниот продавач во САД кога над него паднале влезните врати кои попуштиле пред навалата на масата купувачи.

За оние кои не ги сакаат гужвите на овој ден, остануваат предизвик Интернет варијантите – Cyber Black Friday и Cyber Monday кои онлајн нудат огромни попусти на овој ден.

Кај нас „Црниот петок“ станува традиција од пред неколку години. Со попусти настапуваат сите модни марки и продавници, а тие се движат од 20 до 50 или дури 70 отсто во зависност од актуелноста на производите.

фото: архива

Facebook Коментари