Непозната девојка во БИX по продавници плаќала туѓи долгови

- Занимливо
848

 Непозната девојка одела во продавници во  БиХ и плаќала заостанати  долгови на купувачи кои купувале производи „на вересија“.

Продавачката Селма Ковач за Босанските медиуми раскажала дека на 15 јуни во продавницата дошла девојка која прашала дали има должници, откако продавачката и одговорила потврдно девојката кажала дека сака да ги плати сите долгови кои постојат во продавницата до моментот на нејзиното влегување.

„Се прашувам дали тоа се оние добри луѓе за кои сме слушнале дека постојат, но не се среќаваат. Сите чувства ми беа измешани“ – рекла Селма.

На продавниците каде девојката плаќала долгови осамнале налепници со кои вработените ги информираат купувачите дека сите нивни долгови се платени.

Идентитетот на девојката е непознат, а донаторот на парите исто така не се знае.

Facebook Коментари