Деца во САД одат на рехабилитација поради зависност од технологија и паметни телефони

- Здравје
2363

 

Технологијата се повеќе зема замав во секојдневниот живот на луѓето, но застрашувачки е тоа што во тој модерен начин на живот се повеќе се вклучени и најмладите.

Анкетите спроведени на светско ниво покажуваат дека просечната возраст на која децата добиваат свој паметен телефон е седум години.

Во САД проблемот е толку голем што некои семејства ги испраќаат своите 13 годишни деца на лекување од зависност со дигитална технологија.

Еден центар за „рехабилитација од паметни телефони“ во близина на Сиетл нуди станбени „интензивни програми за закрепнување“ за тинејџери кои имаат проблем со контрола на нивната употреба на електронски уреди.

Restart Life центарот  истакнува дека родителите барале да понудат курсеви на лекување на нивните деца кои ќе траат повеќе од осум години. Хилари Кеш, основачот на центарот,  за Sky News  изјавила дека мобилните, таблетите и другите вакви уреди можат толку да ве стимулираат и да бидат забавни што ги “потиснуваат сите природни интинкти кои ги имаат децата за движење, истражување и социјална интеракција.

 

Facebook Коментари