Овие видови на овошје содржат најмногу шеќер, бидете умерени кога ги јадете

- Здравје
744

Природниот шеќер е сигурно подобар од вештачкиот, меѓутоа сигурно не сте ни претпоставувале колку шеќер внесувате во организмот додека јадете овошје.

Ова е листа од пет овошја кои содржат голема количина на шеќер.

Азиска цреша
Со дури 29 грама шеќер по чаша, ова егзотично овошје е вистинска шеќерна бомба. Меѓутоа, ако го конзумирате во умерени количини, ќе добиете и повеќе од доволната дневна количина на калциум.

Смокви
Смоквите со причина делуваат како луксузно овошје – една чаша свежи смокви содржи иста количина шеќер како и едно чоколадце. Меѓутоа, за разлика од слатките, смоквите исто така се богати со влакна и калиум.

Манго
Мангото е вистинско летно овошје, а една чаша манго содржи околу 23 грама шеќер. Тоа ќе ви обезбеди и една третина од дневната потреба на вашиот организам за витамин А и така ќе ви помогне и во зачувувањето на здравјето на вашите очи.

Цреши
Една чаша цреши содржи 18 грама шеќер, па затоа не е ни чудно што често ги јадеме црешите како да се слатки. Добрата вест е дека со црешите подобро се спие.

Грозје
Една чаша црно или бело грозје содржи околу 15 грама шеќер, доста влакна, а црното грозје исто така е богато и со разни антиоксиданси.

Facebook Коментари