Во сабота во Струга пролетен шаховски турнир ,,Езерска кралица“

- Локални, Спорт
115

На 11 мај, сабота, во ПУ ,,Јахја Кемал“ во Струга ќе се одржи првиот од трите предвидени фестивали на турнирите ,,Езерска Кралица 2024“. Организаторите информираат дека на пролетниот турнир досега се пријавени преку 80 млади шахисти од земјава и странство кои се поделени во четири категорни групи(08,10,12,18).

-Ова е веќе втора година како го организираме пролетниот младински турнир ,,Езерска Кралица“. Организацијата ја реализираме во соработка со ШК Ласкер од Охрид и ПУ Јахја Кемал Струга.Оваа година славиме пет години од организација на турнирите на Езерска Кралица.Имаме доста амбициозна програма за оваа година и се надевам со помош на нашите спонзори ќе ја реализираме во целост.-изјави за Strugaonline, Ѓоко Котески директор на турнирот.

Тој упати огромна благодарност до менаџментот на фирмата БОГРАД АПАРТМАНТС која е овогодинешниот генерален спонзор на Пролетениот фестивал.

Краен рок за пријавување за учество на турнирот е  10 мај, на емаил адресата [email protected] или на телефоно077 897 218.

Почетокот на турнирот е закажан за 10:00 часот.

Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари