Денеска започнува CODEFEST TECH FESTIVAL во Охрид – ова е целосната програма

- Локални
668

Шестото издание на CODEFEST TECH FESTIVAL започнува денеска во Охрид, а ќе трае до 22-ри април. Станува збор за  фестивал кој  веќе има изградено репутација на признаен меѓународен настан кој излегува од локалната заедница во Охрид и ангажира над 700 луѓе во текот на 3 дена полни со богата програма.

 На 20ти април се одржува конференцијата Codeference од 17:00 часот до полноќ, со многу говори и интерактивни активности. Паралелно се отвора и бизнис експото, каде ќе се претстават повеќе компании и стартапи и истото е отворено сите 3 дена на настанот. По завршување на конференцијата е предвидена networking забава во Cuba Libre summer beach.

 На 21ви април – во 10:00 часот започнува 32-часовниот Codefest Marathon. Ќе се натпреваруваат 28 тимови поделени во 3 категории: Млади (до 16 години), Студенти (од 17 години до мастер студии), и Професионалци (вработени, freelancer-и, или не било кој начин, не-студенти). Тимовите учесници на Маратонот доаѓаат од целиот регион и ќе се натпреваруваат во развој на иновативни идеи и прототипи. Паралелно со Маратонот во Вип салата на Инекс Горица започнуваат и практичните мултидисциплинарни работилници – Codefest Workshops кои се бесплатни и отворени за пошироката публика, а исто така паралелно ќе се одвива и Community Corner, дел од фестивалот во кој заедницата може да се претстави со сопствен настан или активност.

22ри април – ќе се одвиваат финалните презентации на тимовите и нивната борба за освојување на награда на Маратонот. Потоа следува завршната церемонија на настанот со прогласување на победниците од страна на стручното жири и доделување на вредни награди. Исто и овој ден се одвиваат работилниците, Community Corner-от и е активно експото.

Фестивалот завршува во недела на 22ри април околу 17:00 часот по прогласувањето на победниците.

Strugaonline

 

Facebook Коментари