Наумче Мојсоски ги доби првите засилувања за екипата

- Локални, Спорт
1016

Наумче Мојсовски, новиот претседател на Струга, ги доби првите засилувања за екипата што треба во пролетниот дел од сезоната да се избори за позиција која би можела да им доведе играње во Супер лигата следната сезона.
Александар Стојаноски, поранешниот голман на Зомимак, Борец и последно на Охрид е најзвучното засилување за струшкиот тим.
Пикерот на Прилеп, Александар Тренчески е вториото суперлигашко засилување за Струга.
Кире Башевски, левиот бек кој има играно во неколку екипи, во Струга доаѓа од редовите на Преспа и тој е третото засилување за тимот што од функција претседател го води Наумче Мојсовски.
Списокот не е затворен со овие три играчи, со двојна регистрација од Скопје ќе пристигнат неколку стружани, главно од редовите на Металург.

Извор: g-sport.mk

Strugaonline

Facebook Коментари