Лице од с. Дебреште заработи кривична пријава за тешки кражби

- Хроника
827

Поради постоење основи на сомнение за сторени 12 казнени дела „тешка кражба“, СВР  Охрид поднесе кривична пријава  против Џ.И. (23) од с гостиварското село Дебреште. Пријавениот, казнените дела ги сторил во текот на мај оваа година на подрачјето на Охрид.

Користејќи подесен алат и прибор но и физичка сила, Џ.И. успевал да влезе во менувачници, агенции за недвижности, земјоделски аптеки, во канцелариите на наплатните служби од Јавните претпријатија „Проаква“ и „Нискоградба“, во самопослуги, сувенирници, работилници и фризерски салони.

Со извршувањето на казнените дела „тешка кражба“, пријавениот се стекнал со вкупна противправна имотна корист од 40.900,оо денари и 2600 евра.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари