Oхриѓанец заработи кривична пријава поради загрозување на животот и сигурноста на неговиот татко

- Хроника
673

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело ,,загрозување на сигурноста при вршење семејно насилство“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.С. (44) од Охрид.

Пријавениот, казненото дело го сторил н шести минатиот месец во  семејниот стан во кој живее заедно со неговиот 68 годишен татко. Во момент на караница и агресивно однесување, пријавениот, загрозувајќи го животот и сигурноста на неговиот татко, извадил алишта од плакарот, ги ставил сред соба и ги запалил. Потоа почнал да фрла разни предмети од покуќнината, скршил две прозорски стакла, при тоа упатувајќи сериозни закани по животот на својот родител.

Пријавениот З.С. е познат на службата, против кого по слични и други основи, досега биле поднесувани повеќе кривични пријави.

Извор: СВР Охрид

 

Facebook Коментари