Жител на село Велешта заработи кривична пријава поради предизвикана сообраќајна несреќа

- Хроника
931

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против М.Р.(24) од струшкото село Велешта.

Пријавениот, казненото дело го сторил на 31 август годинава во 15 часот и 35 минути на крстосницата за „Еурохотел“ на магистралниот пат Подмолје-Струга. Тој, управувајќи патнички автомобил „Пасат“, предизвикал сообраќајна незгода со неотстапување првенство на минување на моторцикл марка „Хонда“ управуван од М.П. од струшкото село Биџево. Истиот веднаш бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде биле констатирани тешки телесни повреди.

Извор: СВР Охрид

 

Facebook Коментари