Анита Мицова со одличен спот ја долови приказната на песната „РАЈ“

- Музика
912

Aнита Мицова го промовираше спотот за песната „Рај“ која се најде на незиниот прв студиски албум насловен како „Ти сум јас“ кој содржи осум песни. „Рај“ отсликува прекрасна среќна љубовна приказна која во видео издание ја долови Јован Куциноски, а песната е авторско дело на Весна Малинова Бабамова и Кирил Бабамов кои авторски комплетно го изработија албумот на Анита.

Песната „Рај“ низ музика и зборови ги доловува чувствата кои владеат кога ќе се пронајде вистинската љубов, а во видеото таа приказна Анита ја раскажува во прекрасни кадри  од среќно семејство.

Strugaonline

Facebook Коментари