Maкедонија е пред голем спортски предизвик-важно е да се совлада Украина

- Спорт
875

Македонската младинска репрезентација засега успешно ја минува групната фаза на ЕХФ-шампионатот што овие денови се игра во Скопје. Досега извојувавме високи победи против Велика Британија и против Швајцарија, но имавме и кикс на средбата со Италија, против која освоивме само бод. Токму тој изгубен бод ја става Македонија во ситуација да не смее да ја загуби денешната средба со Украина, од последното коло на групната фаза. Пораз би значел збогување со амбициите да се настапи во полуфиналето, а освоени еден или два бода би значеле сигурно учество во завршницата на шампионатот.

Денеска се игра комплетното последно коло на групната фаза.

.

Распоред:

Група “А“:

12.00 ч.:  Естонија – Литванија

14.00 ч.:  Финска – Грција

16.00 ч.:  Белорусија – Фарски Острови

Група “Б“:

18.00 ч.:  Македонија – Украина

20.00 ч.:  Швајцарија – Италија

Слободна Велика Британија

Извор и фото: РК Металург

Facebook Коментари