Македонската сениорска ракометна репрезентација во осминафиналето на СП ќе игра против Норвешка

- Спорт
770

Македонската сениорска ракометна репрезентација во осминафиналето на СП ќе игра против Норвешка. Средбата е закажана за в сабота во 16 часот во Албервил.

stoilov

Нашите ракометари го освоија третото место во Б групата, откако во последниот меч ремизираа 27-27 со Исланд. Тоа беше резултат што ни беше доволен да бидеме третопласирани, и да го избегнеме домаќинот во Топ-16 фазата на Мундијалот.

Против Исланд одигравме нов неизвесен натпревар, и пак се вративме во игра по водството на противникот. Во 44 минута Исланд водеше со 24-19, па гледано од страна изгледаше дека ќе мораме на се задоволиме со четвртото место во групата. И тогаш почна пресвртот, одбраната се стегна, нападот беше поефикасен, голманот Колев бранеше. Долго траеше борбата за враќање, па десет минути подоцна намаливме на 22-24. Тоа беше нов потстрек за играчите да продолжат во ист ритам. Време имаше, само требаше да продолжи добрата игра. Гоце Георгиевски во 56. минута израмни на 25-25, а две минути подоцна Кирил Лазаров ја донесе големата радост на трибините откако поведовме со 26-25. Младиот Талески во 59 минута погоди за 27-26 кога веќе беше јасно дека го имаме посакуваниот резултат.

Во голем дел од натпреварот Исланд имаше водство, на моменти и со 3-4 гола, а нашите ракометари постојано беа во борба со времето и со самите себе за да ги средат редовите и да можат да возвратат на таа игра на противникот.

Одиграни се комплетните пет кола од првите две групи, и познати се четирите осминафинални двојки.

Двојки за осминафинале:
Франција – Исланд
Норвешка – Македонија
Русија – Словенија
Шпанија – Бразил

Табели по 5 коло:
Група А
Франција 10 бода
Норвешка 8
Русија 6
Бразил 4
Полска 2
Јапонија 0

Група Б
Шпанија 10 бода
Словенија 8
Македонија 5
Исланд 4
Тунис 4
Ангола 0

Facebook Коментари