Струга како и секогаш докажана во спортот

- Спорт
1796

Училишниот фудбалски тим при ОУ „Браќа Миладиновци“ Струга, по успехот на локалните натпревари во мал фудбал, денес (30.03.2017) во Прилеп учествувааа на регионален натпревар.

ОУ „Браќа Миладиновци“ Струга во полуфиналето играше против основното училиште од Кавадарци, каде победија со 3:1, додека во финалето го победија основното училиште од Битола со 3:0.

Со овој резултат училишниот фудбалски тим при ОУ „Браќа Миладиновци“ Струга го освоија првото место во регионалните натпревари и освоија пласман на републичките натпревари што ќе се одржат во Куманово.

Радост и голем успех добиени со напорна работа на тренерите Астрит Мерко и Марјан Ќушкоски, честитки до Основното училиште “Браќа Миладиновци” од Струга.

Facebook Коментари