Вардар освои 4-то место на Ф4 турнирот во Келн, Европската круна во рацете на Монпелје

- Спорт
706

Откако Вардар во полуфиналниот натпревар со екипата на Монпелје не успеа да влезе во финалето за да ја брани европската титула играше за трето место со ПСЖ

Во мечот за бронзен медал нашите ракометари загубија од ПСЖ со 28-29. Станува збор за натпревар во кој Вардарци играа одлично и беа во водство речиси цело време, но последните 10 минути се покажаа решавачки кога ПСЖ успеа да ја стопи разликата и да дојде до +1. Среќата на крајот беше на нивна страна, ако се земе во предвид дека во текот на целиот натпревар Парижани го бркаа резултатот.

Европската круна отиде во рацете на Монпелје, кои најпрво Вардар го спречија на патот кон финалето, а потоа во финале ја совладаа екипата на Нант  која освои сребро.

Strugaonline

Фото:Денис Дуковски/РК Вардар

 

Facebook Коментари