Анита Мицова најавува нови музички изненадувања

- Забава, Локални
1203

Во денешното издание на емисијата  „Слушај Плеј во 2“ во рубриката „Мојот избор“ наш гостин беше пејачката Анита Мицова која неодамна го промовираше својот прв студиски албум насловен како „Ти сум јас“.  Анита Мицова ни ја раскажа својата музичка приказна од самите почетоци, се до денес.

Уште како дете била опкружена со музика, токму затоа оваа уметност од мали нозе и влегла под кожа. Својот прв настап го имала на фестивалот „Врапче“  со песничката „Метереолог“.

Уште во детството изучувала сајзер и гитара и покажувала музички афинитети.

„Кога дојде моментот за запишување во средно, не ни размислував со што ќе се запишам затоа што ништо друго не ме привлекуваше освен музика, бев примена  во средното музичко училиште во Битола,но морам да признаам дека  никогаш не ме привекувала класичната музика, па затоа и не продолжив на академија, а не сакав да одам во друга држава.
После средното,  како и секој тинејџер така и јас не знаев кај терам, па ете снимав 3 песни со Роберт Билбилов „Ќ
е останеш ти сама” , „Проклет остани“ и „Каде да одам”, а  во меѓувреме почнаа настапите, односно свирките“ – вели Мицова.

Анита Мицова во текот на својата досегашна кариера има настапувано во сите градови низ Македонија. Нејзините настапи започнале со бенд во Охрид, а потоа околностите ја приморале технички да се усоврши во правење матрици. Но, таквите настапи за неа значеле исцрпување и уништување на  магијата која ја носи музичката уметност.

„Настапите намерно ги откажував за да се посветам на автторска музика. Така дојде и „До ден денес”, дело на Весна Малинова. Во тој период заедно функциравме со Маки Лазар, и мислам дека супер ни одеше заедно. Маки ја има таа енергија колку да ти е тешко психички или физички со него беше се забавно. Настапите ги имаше се повеќе и повеќе, ме исцрпуваше монотонијата на тие настапи, затоа што и тогаш и денес не ги поднесувам матриците, има квалитет и во тоа но сепак еден музичар ако веќе се декларира како музичар треба да настапува како што доликува. Имаше период и кога неколку месеци имав настапи во Виена“. – вели Анита за тој период од нејзината кариера.

По враќањето од Виена, Анита Мицова ја издаде песната „Не си за мене“ во соработка со Pumpers, а потоа дојде моментот кога учествуваше во музичкото шоу „Macedonian idol” каде стигна до десетте најдобри. По завршувањето на ова познато шоу Мицова замина во Италија и имаше музичка пауза од две години кога се посвети на своето семејство.

„Многу случајно, испадна да пеам и во Венеција, и некако кaко да си го најдов мирот, стилот, начинот на настапи. Одлучивме фамилијарно да се вратиме во Македонија после 5 години интензивно живеење. Многу често на настапите таму, правев варијанти во „jazz, bossa nova“ и премногу ме исполнуваше, за од тоа искуство да дојде моментот да одлучам дека сакам да направам албум во тој стил. Така излезе албумот „Ти Сум Јас” во соработка со Весна Малинова и Кирил Бабамов  во кој се наоѓаат 8 песни, „Златно Жито” , „Рај” , „Два Животи“, „Снег”, „Еден Ден”, „На Пат Кој Југ“ , „Биди Добар”, „Ти Да Ме Имаш”. – раскажува Анита за своето музичко враќање.

За пет од овие песни кои се најдоа на нејзиниот прв албум сними и видео записи, а нејзина цел е да сними спотови и  за преостанатите три песни и на тој начин да го финализира овој проект.
„Во моментов се работи на втор албум, со истите соработници и автори, па да сме живи и здрави да уживаме во истите“. – вели Анита најавувајќи ни нови музички изненадувања.

Нејзиниот топ 3 за рубриката „Мојот избор“ изгледа вака:

Norah Jones – What Am I To You

Adele – Milion Years Ago

Oi Va Voi – Refugee

„Навистина тешко е да се одберат само три песни од омилени, затоа что ги има премногу, морам да го спомнам Џибони, Владо Георгиев, Тоше Проески, Цетински, Александра Радович, Влатко Лозаноски, Димитар Андоноски, Дани Димитровска, Тамара Тодевска“ . – додава Анита, за она што е нејзин приватен музички избор.

StrugaOnline

Facebook Коментари