Бесплатно цртање на лицата – креативна поддршка за лицата со ретки болести

- Локални
796

Вечерва во кафе бар „Шила“ се организира бесплатно цртање на лицата со боите на ретките болести. На овој начин, креативно се изразува поддршка на лицата со ретки болести.

На настанот кој ќе се одржува во периодот од 18:00 до 21:00 часот, со помош на Тетка Анета Кловнета, присутните ќе ги обојат лицата, ќе се фотографираат, а сликите ќе бидат објавувани  на социјалните мрежи со  хаштаг #ShowYourRare #ShowYouCare #RareDiseaseDay, велат организиаторите.

Денес, 300 милиони луѓе живеат со ретка болест. Постојат над 6,000 различни дијагнози, што значи ретките болести и не се толку ретки. Изразете поддршка на заедницата за
Ретки болести покажувајќи ја својата реткост. Со вашата помош, се подига свеста и се зголемува можноста за изстражувања.

На 28-ми февруари, по 11-ти пат ќе се одбележи Денот на ретките болести, а во текот на овој месец се реализира интернет кампања – обојте го вашето лице со боите на ретките болести и покажете ја вашата поддршка за заедницата на ретки болести. Во оваа кампања може да учествува секој кој сака да изрази поддршка.

Strugaonline

Facebook Коментари