Членовите на клубот 3Дисциплини од Струга се закитија со три медали на Меѓунадорен ДЕЛФИН КУП

- Локални, Спорт
557

Триатлон и пливачкиот клуб 3ДИСЦИПЛИНИ од Струга, докажа дека пливањето секогаш било и ќе биде еден од водечките спортови во Струга. На 16-от Меѓунадорен ДЕЛФИН КУП во Скопје во конкуренција од околу 400 натпреварувачи од Македонија,Србија, Албанија и Косово, младите членови од 3ДИСЦИПЛИНИ се изборија рамо до рамо со поискусните пливачи од цел Балкан.

Тија Кукунешоска 50м крал,50м делфин,100 крал,200 крал,100 мешано) Олса Орани(50м крал,100м краул) Дамјан Бежаноски(50м крал,100м краул,200 краул ,50м делфин Драган Тотоски(50м краул,100м краул) Хади Исмаилоски(50м крал, 50 м делфин,50м прсно,50м грбно) Стефанија Кутаноска 50м краул Софија Кутаноска 50м краул Илија Тодороски 50м краул

,,Изборивме време за финале на 50крал ,100 крал,100 делфин,50 делфин 200 крал,50 грбно,50 прсно и нашите пливачи завршија  во првите 8 најдобри. Се закитивме со 3 медали: Јован Кутаноски освои второ место на 50м делфин и трето место на 50м прсно. 50м грбно,100м краул,50м краул Виктор Опетчески го освои третото место на 50м делфин .(50м краул,100м краул) Овие генерации се резултат на работата на децата во изминатите 4 години со нашиот Триатлон и пливачки клуб 3ДИСЦИПЛИНИ ,кој што како единствен пливачки клуб во изминатите 4 години,се насочи кон изучување на здрави навики кај децата . Ова ни дава мотив за уште поголеми наредни успеси,за да продолжиме со работата со децата.“ – информираше тренерот Никола Кутаноски.

,,Тоа што ми претставува огромно задоволство е самиот факт дека нашите членови се бореа рамо до рамо со пливачи на нивна возраст кои што пливаат активно преку целата година во затворени базени по сите стандарди. И не само тоа ,нашите спортисти успешно им ги заматија плановите во некои категории . ,, – додава Кутаноски

Наредна трка за членовите на 3 Дисциплини ке биде на 17-ти април  на Дуатлон првенство во Скопје.

Strugaonline

Facebook Коментари