Денеска продолжува одбележувањето на 1000-годишниот јубилеј на Охридската архиепископија

- Локални
860

Чествувањата по повод 1000-годишниот јубилеј на Охридската архиепископија продолжуваат денеска со Света архиерејска литургија во катедралната црква „Света Софија“ во Охрид, со која ќе чиноначалствува Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во сослужение на членовите на Светиот синод на МПЦ-ОА. Централниот настан по повод значајниот јубилеј се одржа синоќа во „Света Софија“, со Свечена академија на која присуствуваа поглаварот на МПЦ Стефан, членовите на Светиот синод на МПЦ како и највисокото државно раководство предводено од претседателот Ѓорѓе Иванов и премиерот Зоран Заев. Архиепископот Стефан во обраќањето пред присутните на Академијата меѓу другото истакна дека јубилејот 1000-години од Охридската архиепископија е настан со кој би се гордеел секој народ и секоја помесна Црква, настан што ја потврдува нашата вековна вистина, настан на кој се потпираат и нашето минато и нашата сегашност и нашата иднина.

Извор: МИА

Strugaonline

Facebook Коментари