„Drim Short“ фестивалот во Струга годинава нуди богата програма

- Локални
834

Од 12-ти до 14-ти октомври  Струга ќе биде домаќин на второто издание на фестивалот за краток филм „Drim Short“. Под мотото „Еден јазик, илјада приказни…“ и оваа година ќе понуди богата програма. Организаторите до сега најавија два филмови кои ќе бидат прикажани, а целосната програма ќе биде објавена наскоро.

На првиот фестивалски ден, на 12-ти октомври (петок) ќе биде прикажан краткиот филм „Тишина“ во режија на Батухан Ибрахим (ФДУ) (13 min) . Исто така, планирано е и прикажувањето на краткиот  филм „Доаѓаат од центарот на светот“  (16 мин.)  на Дина Дума.

Наша желба и оваа година е да додадеме свежи бои на есенската културна понуда во градот, преку диверзитетна програма на кратки филмови. Ползувајќи ја универзалноста на филмскиот јазик и комуникацијата со публиката, под мотото „Еден јазик, илјада приказни“ сакаме и оваа година да ја доближиме кратката филмска форма до публиката, да ја зајакнеме филмската култура во градот и да придонесеме Струга да стане регионално филмско јадро за филмските уметници од Македонија и регионот.-велат организаторите.

Новитет оваа година е  тоа што Drim Short 2018 добива интернационален карактер. Па така, покрај стандардната национална програма, ќе има и регионална селекција на кратки филмови, како и студентска програма, во која студентите од Македонија ќе имаат можност да ги претстават своите дела. Фестивалот се одржува во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“  на чија што FB страница веќе е објавено и промотивното видео за фестивалот.

Strugaonline

 

 

 

 

Facebook Коментари