Државно првенство во едрење на даска во Струга

- Локални, Спорт
1060

На 7-ми јули во Струга ќе се одржи Државно првенство во едрење на даска. Регатата ќе се одржи на  регатното поле-градска плажа пред ЕК „Снегар“.  Пријавувањето е закажано за во 10:00 часот, првенството ќе започне во 11 часот и 30 минути, а церемонијата на доделување на медалите е планирана за 15:00 часот.

Заинтересираните љубители на едрењето на даска ќе имаат можност за бесплатен пробен час после завршувањето на церемонијата.

Државното првенство во едрење на даска е во организација на Едриличарската Федерација на Македонија и Едриличарски клуб „Развигор 103“.

Сите заинтересирани повеќе информации можат да добијат на телефон 078 400 554 или на меил адресата [email protected]

Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари