Две лица нападнати од кучиња во Охрид – имаат тешки телесни повреди

- Локални, Хроника
856

На петти јануари оваа година, околу 16 часот, на улицата „7 ноември“ во Охрид, В.Т. (53) од Охрид била нападната од кучиња сопственост на В.Б.(38) од Охрид. Притоа, И.М.(50) од Охрид се обидел да и помогне, но и тој бил нападнат. Двете лица се здобиле со тешки телесни повреди и пренесени во Општата болница во Охрид.

По целосно документирање на случајот, СВР Охрид против В.Б.(38) од Охрид-сопственик на кучињата, ќе поднесе соодветна пријава.

Извор: СВР Охрид

фото: архива

 

 

 

 

Facebook Коментари