Џудо клубот „Дрим“ од Струга со нови медали докажува дека е спортска гордост на градот

- Локални, Спорт
1171

Успесите на џудо клубот „Дрим“ од Струга, изминатиов викенд не завршија со „MIOKI OPEN“ во Скопје. Вториот дел од екипата на џудо клубот „Дрим“  на 05.11 настапи на меѓународен натпревар  „13 октомври“ во Цетиње, Црна Гора. И таму одлично беа одбранети  боите на струшкиот џудо клуб. Џудистите од Црна Гора се вратија со четири освоени медали од кои два златни, еден сребрен и еден бронзен медал.

Михаил Касаноски се закити со злато и бронза во две старосни категории, Ана Марија Стоилковска освои злато во категоријата полетарци, во истата категорија Доријан Петковски освои сребро.

Сите овие успеси кои ЏК „Дрим“  од  Струга ги покажува изминатиов период како и пет години наназад успешна работа, се доказ и доволен показател за тоа како се работи во ЏК „Дрим“ каде претстои иднината на македонското џудо. Јас лично се надевам дека овие резултати ќе стигнат до надлежните за спортот и ќе oбрнат внимание на џудо клубот „Дрим“ од Струга – вели тренерот Ѓорги Стојанов.

Струшкиот џудо клуб е гордост на градот со брилијантните резултати кои ги постигнува на сите натпреварувања на кои учествува.

Strugaonline

Facebook Коментари