Едно лице е повредено во сообраќајна несреќа во Струга

- Локални, Хроника
736

На 31-ви декември 2019 година, во 18:15 часот на крстосница од магистрален пат село Подмолје-Ќафасан со улицата „Мислешевски пат“ се случила сообраќајна незгода во која е повредено едно лице.

– Незгодата се случила помеѓу патничко возило марка „Застава Југо“, со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 47-годишниот М.Т. од селото Волино, општина Дебрца и патничко возило „Фолксваген Амарок“, со германски национални ознаки, управувано од 20-годишниот Б.Р. од СР. Германија. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобило лицето М.Т., кое било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица од Струга, информираат од МВР.

Извор: МВР

Facebook Коментари