Екипата на Струга Трим Лум пристигна во Литванија, утре ги започнува квалификациите за ЛШ

- Локални, Спорт
395

Македонскиот фудбалски шампион Струга Трим Лум отпатува за Вилнус каде утре со почеток од 18:00 часот ќе го игра првиот натпревар од првото квалификациско коло во Лигата на шампионите против Жалгирис од Литванија.

Во изминатиот период играчите на тренерот Шпетим Дуро ја темпираа формата преку тренинзи и пријателски мечеви за првиот европски предизвик летово.

Во контролните мечеви ремизираа со косовскиот Балкани (2:2), потоа загубија минимално од албанскиот Партизани (1:0) и претрпе пораз од албанската Тирана (1:2).

Доколку нашиот претставник успее да го елиминира литванскиот тим, во второт квалификациско коло на ЛШ ќе игра против турската екипа на Галатасарај.

 Реваншот помеѓу Струга Трим Лум и Жалгирис ќе се игра на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид на 18-ти јули од 17:00 часот.

Извор: Слободен печат

Facebook Коментари