Етно вечер „Незаборав“ следната сабота во Охрид

- Локални
826

Во сабота, на 21-ви октомври, во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи етно вечер насловена како „Незаборав“

Старата македонска чалгиска музика ќе го исполни просторот благодарение на учесниците – фолклорниот ансамбл „Бисери“, Ансамбл Билјана јуниор, а како специјален гостин свој настап ќе има маестро Зоран Џорлев.

Концертот ќе започне од 20:00 часот, а билетите по цена од 100 денари можат да се купат во специјализираната музичка продавница ЗЗ ТОП.

Настанот е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија.

 

Facebook Коментари