ФК Караорман во недела ќе го подигне шампионскиот пехар во Трета лига Југозапад

- Локални, Спорт
577

ФК Караорман во недела го игра последното коло од Третата Лига Југозапад, а противник му е екипата на ФК Влазними. Без разлика на резултатот што ќе биде постигнат на овој натпревар, ФК Караорман е прв во третата лига и во недела свечено ќе го добие шампионскиот пехар. Пехарот оди кај Караорман после 15 години!

,,Караорман“ е на чекор да ја оствари својата главна цел, а тоа е да влезе во Втората лига. Бараж натпреварот за влез во Втора лига ќе се игра на 22-ри јуни, а противникот на успешниот струшки клуб сеуште не е познат.

Strugaonline

Facebook Коментари