Голем концерт на Владо Јаневски во Охрид

- Забава, Локални
1332

Aвалон продукција најавува голем концерт на Владо Јаневски во Охрид.

„Големо задоволство ни е да ви објавиме дека легендарниот Владо Јаневски после пауза од скоро 10 години, ќе одржи голем концерт во живо во Охрид и тоа на веројатно наједкватната локација за неговиот тип на музика, Антички театар, на 02-ри август.“ – стои во соопштението од продукцијата

Вечерта на Илинден со почеток од 22 часот, публиката ќе може да ги слушне апсолутно сите хитови на Владо Јаневски, кој оваа година слави јубилеј- 25 години од неговата соло кариера. Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од денеска, онлајн преку avalon.mk, продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија и Југотон, по следниве цени:

500 ден ПАРТЕР

800 ден ТРИБИНИ

Во изминативе 25 години, Владо Јаневски изгради повеќе од успешна карирера и е миленик на публиката познат како најголем хит-мејкер на овие простори.

Strugaonline

 

Facebook Коментари