Градоначалникот Мерко овозможи донација од Шведска за Општа болница-Струга

- Локални
2222

На иницијатива на градоначалникот на Општина Струга, г. Рамис Мерко, Општа болница-Струга доби вредна донација од Шведска.

Ошшта болница- Струга вчера доби донација од околу 21 кревет, ортопедска опрема и електрични инвалидски колички за превоз на пациенти во вредност од околу 300.000 евра кои беа донесени од Шведска.

„Добивме медицинска донација која ќе биде ставена во употреба за пациентите хоспитализирани во нашата болница затоа Градоначалникот Мерко им се заблогадарува на г-ѓа Марија Розенгрин, на заменик министерот  за здравство г.Асим Муса, на Директорот на болницата г. Реџеп Даути и на шефот на кабинет г. Дашмир Насуфи за реализацијата на ваквите донации.’-велат од Општина Струга

Градоначаникот исто така се заблагодари и на  компанијата Ган 2007,  односно на сопственикот Гани Шемо за овозмоожување на транспорт на опремата од Шведска до Македонија.

Strugaonline

фото: Општина Струга

Facebook Коментари