Ќе се поставуваат бар кодови на водомерните броила

- Локални
837

МЈП Проаква Струга Р.Е. Водовод Охрид, излезе со соопштение преку кое ги известува сите корисници на водоснабдителниот систем со кој стопанисува, дека ќе започне со имплементација на новиот проект кој се состои од монтажа на картички со бар кодови.

„За таа цел потребно е да се обезбеди непречен пристап до водомерните броила, односно соработка од потрошувачите. Преку поставување на овие бар кодови ќе се овозможи полесно, точно и наверемено читање, а со тоа и поголема заштита на корисниците. “ – информираат од претпријатието

Екипите на МЈП ПРОАКВА се на терен и веќе започнаа со имплементација на истиот.

Strugaonline

Facebook Коментари