Консултативен состанок на пензионерите од осмиот регион

- Локални
802

Во хотелот „Бисер“во Струга, на 8-ми Април се одржа консултативен состанок со претседателите на здруженијата и со своите соработници задолжени за културно-забавниот живот на пензионерите од осмиот регион, што ги опфаќа здруженијата на пензионери од Струга, Охрид и Дебарца, Гостивар, Македонски Брод, Вевчани, Лабуништа, Дебар и Центар Жупа.

Согласност заклучоците на Комисијата за културно-забавен живот при Сојузот на Здруженијата на пензионери на Македонија,за оваа година за домаќин на одржувањето на 15-та Регионална ревија на песни, музика и игра за 2017 му е доделено на здружението напензионери – Струга, кое е докажано како добар организатор за многу манифестации, која ќе се одржи на 29 април оваа година.

По тој повод претседателот на ЗП Струга, Милорад Трпоски, во насока за инплементација на заклучоците од К.К.З.Ж организира консултативен состанок,на кој се извршија неопходните подготовки и критериуми согласно препораките на комисијата при СЗПМ.

На состанокот покрај домаќините претседателот Трпоски, секретарот Мустафаи и претседателот на комисијата за култура, присуствуваше Ристо Трајкоски претставник од СЗПМ, кој ги пренесе препораките од комисијата.

Додека пак претседателот на Струшкото Здужение Мирко Трпоски, го образложи правилникот и содржините кои ќе бидат реализирани на самата манифестација, покрај повеќето заклучоци беше донесен заклучок и за одржување на дефилето низ градот Струга пред настапот на самите учесници на 15-та Регионална ревија на песни, музика и игри.

Стојан Кукунешоски

Извор: StrugaOnline

Facebook Коментари