Лука Симоноски освои награда за најдобар младинец и прво место во младинска категорија на рапид турнир во Охрид

- Локални, Спорт
579

Младиот и талентиран шахист од Струга, Лука Симоноски, продолжува со одличните резултати на шаховските рапид турнири.

Изминатиов викенд, на второто издание на Рапид турнирот „Езерски Бисер 2023“ во Охрид, на кој учествуваа 41 шахист од Охрид, Струга, Дебрца и Вевчани, Лука освои награда за најдобар младинец и прво место во младинска категорија до 16 години.

Претходно, на општинскиот турнир ,,Струга 2023“ Симоноски освои награда за најдобар младинец до 14 години.

Следни негови предизвици се рапид турнирот во Прилеп на 19-ти февруари и во Скопје на 26-ти февруари.

Strugaonline

Facebook Коментари