Месна индустрија „Билјанови“ го има кумството за Богојавленије-Водици 2018 во Струга

- Локални
2624

На големиот Христијански празник Богојавленије-Водици, во Струга фрлањето на Светиот крст во водите на реката Црн Дрим претставува посебна свеченост. Секоја годинa, многу храбри капачи од сите возрасти скокаат во студените води на реката Црн Дрим со надеж дека ќе го фатат Kрстoт кој ќе им донесе година полна со здравје бериќет и благосостојба.  Во Струга започнаа подготовките за големиот ден кога се осветуваат водите, а честа оваа година да го има кумството за Водици ја доби Месна индустрија „Билјанови“.

„Ве очекуваме на свечениот чин на осветување на водите на реката Црн Дрим! За многу години Водици!“ – велат кумовите.

Пријавувањето на капачите ќе се случува на 19.01 во 09:00 часот пред фрлањето на Крстот пред хотел „Београд.“  Крстот во Струга ќе биде фрлен во 11:00 часот

Strugaonline

 

Facebook Коментари