МЈП „Проаква“ повикува на внимание како се користи водата за пиење ова лето – за злоупотребувачите ќе има казни

- Локални
1776

МЈП „Проаква“ излезе со соопштение до сите граѓани на Општина Струга околу користењето на водата за пиење за време на летната сезона. Во соопштението се вели:

„ Се известуваат сите граѓани на Општина Струга, да бидат внимателни во  врска со употребата на вода за пиење, поради недостигот на вода за пиење за време на летната сезона.

Истовремено, се информираат граѓаните кои ја злоупотребуваат водата за пиење, дека нашата екипа од МЈП Проаква Струга, ќе биде постојано на терен, и во моментот кога ќе се соочат со било каков вид на злоупотреба  на вода, ќе бидат принудени да земат податоци и да се направи идентификација на злоупотребувачите. Истите ќе бидат казнети  врз основа на член 33 од Законот за водите.

Ве молиме за ваше разбирање и истовремено чекаме ваша  соработка за да може да има вода за сите.“ – стои во соопштението на МЈП „Проаква“

Извор: Strugaonline

Facebook Коментари