На 19-ти септември ќе се одржи отворено триатлон првенство ,,Струга Дрим Триатлон“

- Локални, Спорт
581

На 19-ти септември во Авто-камп Ас -Струга ќе се одржи  отворено триатлон првенство ,,Струга Дрим Триатлон“


Натпреварот е во организација на Триатлон клубот 3Дисциплинес Струга,техничк организатор е  Триатлон Федерацијата на Македонија .

,,Задолжително за сите над 18 години е сертификат за вакцина или пцр тест на денот пред трката кој ке биде дополнително наплатен(за кој што ке бидете дополнително известени)“ -информираат организаторите.

Право на учество имаат регистрираните спортисти во ТФМ (членови на клубовите) и рекреативните натпреварувачи, членови на сите останати триатлон федерации во регионов.
Спортистите мора да бидат осигурани и лекарски прегледани. (Обврска на клубовите).

Поделбата на стартните броеви ќе биде организирана во сабота од 15-19:00 часот и
недела пред трката од 7:00-8:00

Истите ќе може да се подигнат индивидуално или преку тренерите кои имаат можност да ги подигнат сите пакети за својот клуб, според протоколот. (Спортистите треба да обезбедат сопствена заштитна маска (со покриени уста и нос) и гумени ракаваци за една употреба и се должни да ги носат при подигнување на стартните пакети).

Сите детали околу правилата и условите за учество, како и пријавата за учество можете да ги најдете на следниов ЛИНК

Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари