На ден 10.02.2017 година (петок), од 09:30 до 12:30 часот, ќе има прекин со водоснабдувањето во Струга

- Локални
1233

132505487-94387

На ден 10.02.2017 година (петок), од 09:30 до 12:30 часот, екипите на ЕВН Македонија ќе работат на реконструкција и модeрнизирање на дистрибутивната мрежа и Ве известуваат дека заради реализација на инвестиционите зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија, без снабдување ќе останат населените места кои припаѓаат на Корисничките Енерго Центри (КЕЦ) и тоа: село Заграчани, Вишни, дел од село Шум во центарот кај рибникот, МХЕ Горна Белица 1 и 2, репетитор Мобимак Шум, каменолом Везир и бетонска база Несим Заграчани.

Поради овие зафати на ЕВН Македонија, ќе има и прекин со водоснабдувањето во Струга во истиот термин, од 09:30 до 12:30 часот, известуваат од Проаква Струга.

Facebook Коментари