Никола Кутаноски и Димитар Јованоски со одличен успех на триатлонот во Шкодра, Албанија

- Локални, Спорт
1150

Четворица членови од Струшкиот триатлон клуб „три дисциплинс“ , настапија на отворено триатлон првенство во Албанија. Струшкиот тим го сочинуваа  Никола Кутаноски, Димитар Јованоски,  Бетим Ибраими  и  Бурим Хода.

Димитар Јованоски освои прво место, Никола Кутаноски заврши на вотарата позиција, а и другите учесници од Струга имаа успешно претставување на ова првенство.

„Со оглед на тоа дека и Албанија е во почетоците на организација на триатлон трките и Триатлон федерација,оваа трка во организациски аспект беше многу лоша,асвалтот стар и на многу места огромни дупки, но трката беше брза. Уште од самиот почеток на трката во пливањето заедно направивме разлика,на велосипедот ја зголемивме разликата работејќи во група, за на крај на трчањето малку да се опуштиме, меѓутоа државниот првак на Албанија во атлетика на средни и долги патеки, Бледар Меси не’ не остави во мирен финиш па моравме да го зголемиме темотот, а иднината останува на младите,  па Димитар освои уште едно прво место.“ – изјави Никола Кутаноски, тренер во струшкиот триатлон клуб.

Освен на првенството во Албанија, Кутаноски го истакна големиот талент на Димитар Јованоски.

„Димитар е мојот најдобар ученик досега, најдоброто од него допрва следува. Тој е на почеток од натпррварите во јуниорска категорија (750м пливање, 20км возење и 5км трчање) До предходната година правеше половина од овие дистанци, па самите резултати што ги постигнува сега се огромни, посебно ако се земе во предвид дека   прва сезона настапува со подолги делници и со постари натпррварувачи.“ – вели Кутаноски објаснувајќи  за квалитетите на Димитар Јованоски.

Инаку, натпреварувачите од Струга во Албанија настапија и постигнаа одлични резултати во силна конкуренција која ја сочинуваа учесници од Албанија, Црна Гора, Америка, Косово, Македонија, Србија и Малезија.

Strugaonline

Facebook Коментари