Низа земјотреси во Дојран, најсилниот потрес почувствуван и во Охрид

- Локални
806

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Охрид и Пехчево, синоќа регистрирaше серија на земјотреси чии епицентри потекнуваат од дојранското епицентрално подрачје.

Најсилниот земјотрес беше почувствуван во 05:24 часот со Рихтерова магнитуда од 4,8, а беше најсилно почувствуван од населението во југоисточниот дел на Република Македонија и тоа во Дојран со интензитет од VI-VII степени според Европската Макросеизмичка Скала, а во Гевгелија, Валандово и Струмица со интензитет од VI степени, во Кавадарци, Радовиш, Берово со V степени според истата скала. Според досегашните податоци земјотресот предизвикал мали оштетувања на градбите во населените места во непосредна близина на епицентарот.

Претходно се случија уште неколку потреси со Рихтерова магнитуда од 3.1 до 3.7 кои беа почувствувани во Дојран, Гевгелија, Валандово и Стумица.

Извор: ОхридПрес

Фото: архива

Facebook Коментари