Обид за грабеж на поштата во Вевчани, го украле сефот и го оставиле на улица

- Локални, Хроника
706

Ноќта помеѓу 5-ти и 6-ти јануари се случи обид за кражба во локалната пошта во Вевчани.

postavevcani1

Крадците ја скршиле решетката и ја обиле влезната врата, по што го одзеле сефот, во кој неофицијално имало околу 70.000 денари.

– Инцидентот се случил околу 02:00 часот по полноќ, но за среќа крадците не успеале во намерата затоа што ги слушнал соседот, по што во паника го оставиле сефот на улица и избегале со возилото кое било паркирано во непосредна близина.

postavevcani2

Полицијата направила увид и се прават напори да се откријат сторителите.

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

Facebook Коментари