Обилните дождови предизвикаа поплави во неколку објекти во Струга

- Локални
901

Неколку објекти во Струга, вклучувајќи го и Едриличарскиот клуб „Снегар“ беа поплавени за време на вчерашниот ден поради обилните врнежи од дожд што го зафатија нашиот регион.

Од противпожарната служба за Strugaonline потврдија дека интервенирале и дека водата од ЕК „Снегар“ е  исцрпена, но потенцираат дека  доколку продолжат врнежите постои опасност да се повтори истата ситуација.

Од УХМР за денеска и утре не најавија врнежи од дожд, што е добра вест во ваква ситуација. Суво време се очекува и во вторник, а нови врнежи се најавени за во среда.

Strugaonline

Фото: Иван Андреески

 

Facebook Коментари