Од 15-ти ноември Виз Ер ќе ги поврзе Охрид и Виена

- Локални
970

Од 15-ти ноември оваа година нискобуџетната авиокомпанија Виз Ер ќе лета на линијата  Виена – Охрид – Виена.

Од компанијата објавија дека македонскиот бисер ќе биде поврзан со австриската престолнина, а на оваа релација ќе оперира три пати неделно. Авионските карти се веќе пуштени во продажба по цени кои почнуваат од 19,99 евра.

Во однос на уделот на авиокомпаниите во сообраќајот на патници, Виз ер во текот на минатата година има превезено најголем број патници и има 59 отсто пазарен удел.

На аеродромот „Св. Апостол Павле“ – Охрид има три редовни дестинации во текот на целата година и четири дополнителни сезонски чартер-дестинации во текот на летото.

Од ТАВ Македонија најавија дека и во текот на оваа година ќе бидат фокусирани на проширување на мрежата авиолинии, а нивна цел ќе биде и обезбедување услуги со висок квалитет на патниците и клиентите.

Покрај  најновата дестинација – Виена, од оваа година Охрид авионски ќе биде поврзан и со Варшава, Талин и Ајндховен.

Извор: ОхридПрес

Facebook Коментари