Oпштина Дебарца одбележа 75 години од издавањето на Манифестот на главниот штаб на НОВ и ПОМ

- Локални
893

Општинската организација на Сојузот на борците од НОАВМ 1941-1945 година и граѓаните поддржувачи во општините Охрид, Дебарца и Струга и локалната самоуправа  на општина Дебарца и ОУ „Дебарца„ од Белчишта, вчера организираа прослава во село Црвена Вода по повод јубилејот- 75 години од издавањето на Манифестот на главниот штаб на НОВ и ПОМ и други значајни настани од НОВ и Револуцијата во 1943 година.

На спомениците на паднатите борци од НОБ и жртвите на фашистичкиот терор во Дебарца свежо цвеќе положија  делегации од локалната самоуправа предводена од градоначлникот на општина Дебарца Зоран Ногачески, Општинските организации на Сојузот на борци од Охрид Гоце Георгиески и Ајрадин Мемети од Струга, Делегации од АРМ, делегација на Ребубличката организација на Сојузот на борци, предводени од претседателот, политички партии и граѓани.

Пред присутните пригодно обраќање за значајните датуми имаше претседателот на ОО на СЗБ-Охрид,  Гоце Георгиески.

Програмата ја збогатија учениците од ОУ „Дебарца“ со настапот на рецитаторската секција и хорот при училиштето.

Воедно,  беше одбележан и патронатот  на Општината Дебарца.

Текст и фото: Стојан Кукунешоски

Strugaonline

Facebook Коментари