Oпштина Охрид објави повик за субвенции за уплатени такси за престој на туристи

- Локални
727

Општина Охрид го објави јавниот повик за добивање субвенции на уплатената такса за привремен престој на домашни и странски туристи.

Oд општината информираат дека целта на оваа активност е поттикнување на физичките лица запишани во регистарот на физички лица вршители на угостителска дејност во oпштина Охрид уредно да ја водат евиденцијата за престојот на гостите во својот сместувачки објект, со што ќе се стимулира редовната наплата на ТПП и ќе се избегне нејзиното прикривање. Висината на Субвенцијата ќе изнесува 80% од уплатената такса за примвремен престој по основ на вкупниот број на остварени ноќевања за периодот од 01.01 – 30.06.2018 година.

Во повикот меѓудругот е наведено дека регистрираниот давател на услуги од мал обем (станоиздавач) ќе биде обврзан за средствата во висина од субвенционираната Туристичка такса да набави опрема, мебел и други производи за опремување неговиот сместувачки капацитет. Набавката претходно мора да биде одобрена од Комисијата формирана од Градоначалникот на општина Охрид. Исплатата ќе се врши по приемот на фискалните сметки, фактури или други финансиски документи како доказ за извршената набавка.

Strugaonline

Facebook Коментари