Општина Струга ќе отстранува незаконски поставени билборди и рекламни паноа

- Локални
1132

Општина Струга ја информира јавноста дека на подрачјето на Општина Струга, во град Струга, се врши постојана узурпација на јавните површини; тротоари, зелени површини и слично,  односно се поставени голем број на билборди и рекламни паноа.

– Во најголем дел, поставените билборди и рекламни  паноа не поседуваат соодветна документација издадена од надлежните органи на Општина Струга, или истата е веќе надвор од одобрениот законски рок за поставување.-информираат од општината.

Во соопштението исто така се вели дека Општина Струга во наредниот период ќе спроведува акција за отстранување на незаконски поставени билборди и рекламни паноа.

Strugaonline

 

 

Facebook Коментари