Општина Струга со конкретни чекори за поддршка за земјоделците

- Локални
1137

Ниските температури. кои беа неочекувани за овој период од годината нанесоа големи штети на земјоделските култури. Општина Струга излезе со соопштение за активностите кои ги презема за поддршка на земјоделците од овој регион. Во целост Ви ја пренесуваме нивната објава

„Општина Струга со институцијонална подршка за земјоделците

После неочекуваните ниски температури во овој период од годината повеќе земјоделци односно земјоделски култури беа оштетени.

Поради тоа што немаше никаква реакција од централните и реагионалните инситуции за земјоделство , Општина Струга и самииот Градоначалник, Мустафа Забзуни ги прими на состанок оштетените земјоделци од Струга.
После искажаните жалби до Градоначалникот, истиот веднаш иницира една комисија за оценување на секоја материална штета на сите земјоделци од Општина Струга.

После ова фаза на оценување, ќе почнат процедурите за донесење барање за надоместок до Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство .
Земјоделците , кој што учествуваа на овој состанок му се заблагодарија на Градоначалникот за ова иницијатива како институцијонална подршка за надминување на ова голема материјална штета за нивните семејни економии.“ – стои во соопштението на Општина Струга.

За сите понатамошни активности како и резултати од преземените чекори на Општина Струга за да им помогне на земјоделците, односно истите да бидат обештетени Strugaonline ќе информира благовремено

Извор: Strugaonline

Фото: Општина Струга

Facebook Коментари