Ова е комплетната програма за „Ден на водни спортови Струга 2017“

- Локални, Спорт
1211

Љубителите на спортот со нетрпение го очекуваат 8-ми септември, кога во Струга се одржува „Ден на водни спортови Струга 2017“

Настанот ќе се случува на најголемата градска плажа во Струга – Машка плажа, пред Едриличарскиот Клуб Снегар – Струга, на 8-ми Септември 2017 година, со свечено отварање и дефиле на учесниците од 9:00 часот.

Натпреварите ќе се одржуваат на посебни регатни полиња, за секој спорт одделно. За секоја дисциплина дополнително ќе бидат поделени упатства за регатирање, согласно правилата на одделните спортови.

Покрај демонстрација на вештините на едриличарство, кајакарство и веслањето, на настанот ќе бидат активни и извидниците од Крсте Јон Стуга како и Американското Катче. Најстариот извиднички одред Крсте Јон од Струга со своите највешти извидници ќе демонстрираат дел од нивните вештини од кои врзување на чворови, сигнализација (семафор и морзеова азбука), поставување шатор, како и ориентација во природа.

Американското катче Струга ќе присуствува на настанот „Ден на водните спортови – Струга 2017“ каде што сите заинтересирани учесници и гости на настанот можат да добијат информации за Американското Катче, придобивките на нивното зачленување во Катчето, како што и ќе имаат можност за заедничко дружење.

Распоред на натпревари:

09:30 Старт К1 200м до 13 години;

09:35 Старт К1 200м до 18години;

09:40 Старт Веслање;

10:00 Старт Едрење Оптимист;

10:05 Старт Едрење Ласер 4.7, 470;

10:30 Старт СУП долгометражна;

11:30 Старт СУП спринт.

Предвидени се по три старта во сите дисциплини. 15:00 до 16:30 “Учиме да едриме, учиме да весламе” во овој период учесниците и гостите на настанот ќе можат да ги испробаат своите вештини во различните пловила.

17:00 Прогласување победници;

18:00 – 03:00 Забава.

Извор: Strugaonline

Facebook Коментари