Парада на матурантите денеска се одржа во Струга

- Локални
1416

На новиот плоштад во Струга денеска се одржа парадата на матурантите кои  танцуваа со жолти маички и чадори.  Преку овој симболичен танц се означува крајот на средното училиште и почетокот на нова етапа од нивните животи. Парадата на матурантите секоја година испраќа позитивни пораки и апели за градење на правилни општествени вредности како што cе ненасилството и  мирот.

Парадата на матурантите почна да се организира во 2001 година во Љубљана, а во Македонија првпат се одржа во 2007 година во Скопје и во Охрид во организација на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје и танцовиот спортски клуб „Ритам плус“ од Скопје.  Од 2008 година започнаа да се вклучуваат и други градови, така и во Македонија се создаде праксата на играње квадрил од страна на матурантите. Еден од моментите кои секогаш ќе го паметат.

Извор: StrugaOnline

Фото: StrugaOnline

Facebook Коментари