Пензионери од Струга освоија награди на 22-те Републички пензионерски спортски игри

- Локални, Спорт
1426

ЗДРУЖЕНИЕТО НА ПЕНЗИОНЕРИ ОД СТРУГА, на 2.09.20217 година,во градот на оризот-Кочани учествуваше на 22 –те Републички спортски игри за пензионери во пикадо и шаx.  Во голема конкуренција од над 500 учесници ЗП-Струга постигна солидни резултати со освојување на едно второ место шах –жени и 2 трети места во шах и пикадо –мажи.

Додека пензионерката Балтоска Шенка од Струга e прогласена за најдобар играч на прва табла шах за жени. Сите се закитија со медаљи.

ЗП-Струга,предводени од претседателот Милорад Трпоски и претседателот на спортската комисија Иван Хаџиев,испишаа уште една успешна спортска сезона.

Иако ЗП-Струга според меѓународните шаховски правила требаше да го има првото место во шах за жени но по некое не пишано правило судијата првото место и го додели на ЗП-Македонска Каменица.

Стојан Кукунешоски

Strugaonline

 

Facebook Коментари